Ансамбл за македонски народни игри и песни, под името Културно уметничко друштво „Охрид“ беше формиран во април 2012 година, од студентите и докторантките на Лекторатот по македонски јазик во Унгарија (при Универзитетот на науките „Етвеш Лоранд“ Будимпешта) и на Катедрата по етнографија и антропологија (при Универзитетот во Дебрецин).
Главната цел на К.У.Д. Охрид е промовирањето на македочнскиот фолклор во Унгарија и проширувањето на односите помеѓу Македонија и Унгарија. К. У. Д. Охрид е првиот ансамбл во Унгарија кој претстава само македонски фолклор.
Групата го добие името од Охридскиот регион, како културен центар на словенската култура од средновековието. Регионот е тесно поврзан со Унгарија со миграциски групи на трговци, кои од 16 век пристигнале на територијата од Унгарија а потоа преселиле во разни градови, како Мишколц, Ѓенѓеш или Егер, носејќи го култот на Свети Наум со себе.
Ансамблот негува добри односи со повеќе катедри и институти на УКИМ, со Национална установа „Танец“, со Амбасадата на Република Македонија во Будимпешта, со Здружението на Егејските Македонци во Унгарија, со Здружението Теледом на Унгарците во Македонија, со Катедрата по Етнографија и антропологија при Универзитетот во Дебрецин, со Ансамблот „Вујичиќ“, и со други институции и ансамбли.
Медиуми
„ОХРИД“ - МАКЕДОНСКА ФОЛКЛОРНА ГРУПА
Основачи и членови:
Atkinson, Sarah
Hatala, Tünde
Macho, Ildikó
Tonomár, Judit